Connect with us

Фудбал

Најлош напад на Манчестер Јунајтед во последната деката, Норич постигнал повеќе голови

Вистинска агонија владее на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед ја игра најлошата сезона во последните триесетина години. Прецизните статистичари пресметале дека „Црвените ѓаволи“ имаат најлош учинок во првите осум кола во последните 30 сезони.

Нов податок кој доволно покажува како игра Јунајтед е бројот на постигнати голови. Тимот на Солскјер на осум натпревари во Премиер лигата постигнал само 9 погодоци, а примил 8. Повеќе има постигнато дури и Норич, кој е претпоследен на табелата.

Ова е најлошата ефикасност во последните 12 години на Манчестер Јунајтед.