Connect with us

Фудбал

Најнова ФИФА ранг листа: Македонија на 68 место

Објавено е најновото рангирање на репрезентациите според бодувањето на ФИФА , а Македонија се наоѓа на 68 место.

Што се однесува до врвот, на лидерската позиција е светскиот шампион Аргентина, а потоа следат Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија, додека првата десетка ја комплетира Шпанија.

Избраниците на Драган Стојковиќ без Хрватска се далеку пред репрезентациите од регионот. Босна и Херцеговина е на 62-то место, додека Црна Гора е 71-ва.

Унгарија е 36-та, а Бугарија 77-ма.

Системот на бодување се промени во 2018 година, советот на ФИФА усвои модел за кој веруваат дека е најфер и реално гледа на резултатите.