Фудбал
Најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата! Ливерпул донесе „чудо“ од Еквадор
Англискиот Ливерпул го договори трансферот на Еквадорецот од редовите на Брајтон Мојсес Каисед за рекордни 126 милиони евра.
Челзи, исто така, сакаше да го ангажира младиот Еквадорец (21), сепак, Ливерпул победи во трката, што го прави најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.
Кога ќе се заврши трансферот на Каисед, тој ќе биде шести по големина во историјата на фудбалот, веднаш зад Нејмар во ПСЖ (222), Мбапе во ПСЖ (180), Кутињо во Барселона (135), Дембеле во Барселона (135) и Феликс до Атлетико Мадрид (127).
Во претходната сезона, Мојсес Каиседо беше еден од најдобрите играчи на Брајтон, кој Премиер лигата ја заврши на шестото место пред гигантите како Челзи и Тотенхем.
Пред Брајтон настапуваше за еквадорскиот Индепендиенте каде што израсна, а сега го чека сериозен предизвик во Ливерпул.
За репрезентацијата на Еквадор играше 32 пати и постигна три гола, а беше дел од тимот и на Светското првенство во Катар минатата година.