Connect with us

SPORTM.mk

Најскапите тимови во Европа: Сити и Јунајтед се на врвот на листата

Клубовите од Манчестер, Сити и Јунајтед ги имаат најскапите тимови во Европа, пренесува „Скај Спорт“, повикувајќи се на најновото истражување.

Новата студија, спроведена од Фудбалската опсерваторија „CIES“ , ги рангираше сите 98 клубови од Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслига и Лига 1 според моменталната вредност на нивните играчи на пазарот.

Вредноста на фудбалерите на Манчестер Сити се проценува на 1,09 милијарди фунти. На второ место е Манчестер Јунајтед, чии играчи на пазарот вредат 1,04 милијарди. На третото место е Челзи, чија вредност се проценува на 809 милиони.

Потоа следуваат Барселона (766 милиони) и Баерн Минхен (761 милиони). Меѓу „најскапите“ десет клубови се Ливерпул (742 милиони), Реал Мадрид (723 милиони), ПСЖ (691 милиони), Борусија (587 милиони) и Атлетико Мадрид (566 милиони).

Вкупната вредност на сите клубови од Премиер лигата се проценува на 7,6 милијарди фунти – значително повеќе од Ла Лига (4,5 милијарди), Бундеслигата (3,9 милијарди), Серија А (3,8 милијарди) и Лига 1 (2,9 милијарди).