Connect with us

Фудбал

Скапо платени, ама лоши трансфери, огромни суми на пари, но на крајот разочараа

Најнеуспешните скапи трансфери во историјата на фудбалот се во овој милениум, барем според листата што ја состави goal.com.

На списокот има 14 трансфери, само еден е постар од 2010 година, а напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е единствениот кој два пати се најде на листата на најлоши трансфери.

1.Филипе Кутињо (од Ливерпул во Барселона во 2018 година за 120 + 40 милиони евра)

2. Антоан Гризман (од Атлетико во Барселона во 2019 година за 120 милиони).

3.Жоао Феликс (од Бенфика во Атлетико во 2019 година за 126 милиони).

4.Осман Дембеле (од Борусија Д. во Барселона во 2017 година за 105 мил.).

5.Пол Погба (од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година за 89,5 милиони фунти).

6.Еден Азар (Челзи – Реал Мадрид 2019 за 130 милиони фунти)

7.Хари Мегваер (Лестер-Манчестер Јунајтед во 2019 година за 80 милиони фунти)

8.Ромелу Лукаку (Интер – Челзи 2021 за 97,5 милиони фунти)

9.Џејмс Родригез (од Монако во Реал Мадрид во 2014 година за 80 милиони евра).

10.Николас Пепе (од Лил во Арсенал во 2019 година за 79 милиони фунти)

11.Алваро Мората (Реал Мадрид во Челзи во 2017 година за 60 милиони фунти)

12.Кепа Аризабалага (Атлетико – Челзи во 2018 година за 72 милиони фунти)

13.Ромелу Лукаку (од Евертон во Манчестер Јунајтед во 2017 година за 75 милиони фунти)

14.Златан Ибрахимовиќ (од Интер во Барселона во 2009 година за 69,5 милиони евра).