Connect with us

Ракомет

Најталентираниот македонски ракометар од јуни во Вардар?!

Потекнува од школата на Металург, но би можел од јуни да заврши во Вардар, секако доколку ја прифати понудата.

Филип Талески е еден од најголемите македонски ракометни таленти. Освен за Металург играше за Рајн Некар Ловен, а сега е дел од Балинген.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека сака да го врати во Македонија, поточно да го донесе во „црвено-црниот“ дрес.

-Мислам дека прерано заминаа и мислам дека мораа да изберат помали клубови каде би биле носители на играта. Вардар, Пелистер и Металург се екипи кои се пандан на клубовите од Бундеслигата. Сакам Талески да го донесам во Вардар, јавно тоа го велам. Има понуда од јуни да биде член на Вардар. Зошто и како себе си се гледа во Германија не знам. Ти си Македонец. Живееш и работиш во својата земја, во својот клуб, од тоа нема ништо поубаво, вели Алушовски во разговор за „Balkan Handball“.