Connect with us

Кошарка

Највисокиот НБА играч удрил со главата во плафон, има потрес на мозокот

Највисокиот кошаркар во моментов во НБА лигата заработи бизарна повреда. Тако Фол по тренингот ги миел рацете во тренинг центарот во Бостон, но кога тргнал да оди, со главата удрил во плафонот, паднал и добил потрес на мозокот.

Како што изјави тренерот на „Селтикси“ Бред Стивенс, во моментов е на лекарско набљудување, но наскоро ќе се приклучи на тренизите.

-Малку заборави колку е висок и мислам дека ова ќе го научи почесто да ја наведне главата. Се надевам дека брзо ќе се опорави, бидејќи неговата висина ни е потребна, изјавил Стивенс.

Тако Фол има 2,26 метри, но сепак не е највисокиот НБА играч во историјата. Повисоки од него се Џорџ Мурасан и Мануте Бол со 2,35 метри, а зад нив се Шо Бредли и Јао Минг со 2,32 метри.