Connect with us

Фудбал

Наместо витамини, вијагра, па после на тренинг, како изгледа тоа?

Англискиот напаѓач Карлтон Кол направи голема грешка пред еден тренинг на репрезентацијата. Некогашниот играч на Вест Хем се присети на анегдота со „Гордиот Албион“ кога пред излегување на тренинг ги “помешал“ апчињата, па наместо витамини, испил вијагра.

-Можете ли само да замислите како тоа изгледаше. Бев најбрзиот на тренинг, што е логично бидејќи имав три нозе, се пошегува Карлтон Кол, а многу брзо потоа дознал кој му ја „наместил“ оваа не толку добра шега. Како што вели тој, тоа бил Џермејн Дефо, кој денеска игра фудбал за Глазгов Ренџерс.