Connect with us

Фудбал

Наместо во Интер, Кулушевски во Јувентус?!

Иако во изминатиот период голем број на италијански медиуми објавија дека Дејан Кулушевски е примарна цел на Интер, сепак угледниот спортски новинар, кој е добро информиран, Џанлука Ди Марцио објави дека Јувентус го договорил неговиот трансфер. Аталанта, во чија сопственост е фудбалерот, а кој игра на позајмица во Парма, ќе добие 35 милиони евра
Швеѓанецот со македонско потекло е еден од најдобрите во Серие А, а беше прогласен и за играч на месецот во ноември.