Connect with us

Фудбал

Напаѓачот го одбил Атлетико, Интер добива засилување за НУЛА евра?

Според голем број на италијански медиуми, напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани му соопштил на Атлетико Мадрид дека донел одлука за неговата иднина. Сепак, тоа нема да биде Шпанија, туку Италија.

Наводно тој ја прифатил понудата на Интер, па следната сезона се враќа во Серие А. Кавани во ПСЖ замина од Наполи, каде што имаше фантастичен учинок.

Италијанските медиуми објавија дека договорот помеѓу Интер и Кавани ќе биде со важност од 4 години, а фудбалерот ќе добива 8 милиони евра по сезона.

Ова веројатно и дефинитивно ќе значи дека Лаутаро Мартинез се сели во Барселона.

Кавани кариерата ја почна во Дунобио, се пресели во Палермо, од каде направи трансфер во Наполи. Таму играше три сезони и на 69 мечеви постигна 52 голови. Во ПСЖ е од 2013-та година. На 200 мечеви постигна 138 голови. Кавани има 33 години.