Connect with us

Фудбал

Напаѓачот за интересот на Барса и Манчестер Сити: Интер е мојот дом!

Лутаро Мартинез игра одлично сезонава. Со осум погодоци е четврти стрелец во Серие А, а фантастично соработува со Лукаку во нападот со кој има 10 погодоци. Последните неколку мечеви за Интер ги реши тој во корист на својот клуб со своите голови.

Се појавија информации дека за неговите услуги заинтересирани се Барселона и Манчестер Сити.

Сепак, тој во интервју за „Скај Спорт“ порача:

-Интер е мојот дом. Тоа е нешто многу важно за мене. Се трудам на секој меч да докажам на теренот дека заслужувам да го носам овој дрес, изјави Лутаро.