Фудбал
Напиша дека Израел врши геноцид, а тоа скапо го чинеше, германскиот клуб веднаш го суспендираше!

Фудбалскиот клуб Мајнц го суспендираше Анвар Ел Гази поради неговата јавна поддршка за Палестина, која е во војна со Израел.
Само еден месец по пристигнувањето во кампот на бундеслигашот, Холанѓанецот со мароканско потекло се најде во немилост на Германците. Активирањето беше објава на Инстаграм во која Ел Гази истакна дека Израел врши геноцид врз Палестинците и дека Палестина повторно ќе биде слободна.
🚨 OFFICIAL: Anwar El Ghazi has been suspended by Mainz for posting a pro Palestinian Instagram story. 👋
Just one month after his arrival, the Dutch forward has been relieved from training and match-day duties for an “intolerable position” according to the German club. 👀… pic.twitter.com/UUWBHFHf4c
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 17, 2023
Објавата беше брзо избришана, но не остана незабележана. Реакцијата на Мајнц беше експресна.
– Мајнц го суспендира Анвар ел Гази од тренинзи и натпревари. Тоа е одговорот на клубот на избришаната објава на 28-годишниот фудбалер на социјалните мрежи. Ел Гази зазеде став за конфликтот на Блискиот Исток кој клубот не го толерира. Се беше направено по дискусија меѓу играчите и управата на клубот. Мајнц почитува дека постојат различни ставови за конфликтот на Блискиот Исток, кој трае со децении. Сепак, клубот јасно се оградува од содржината на соопштението на играчот бидејќи тоа не се совпаѓа со клупските вредности – се вели во соопштението на бундеслигашот.
Досега Ел Гази забележа три натпревари и една асистенција за Мајнц. Во текот на кариерата играше за Ајакс, Лил, Астон Вила, Евертон и ПСВ.