Connect with us

Фудбал

Наполи изненади со изборот на нов тренер

Руди Гарсија (59) е новиот тренер на Наполи. Италијанскиот шампион изненади со изборот на тренер бидејќи името на овој Французин не се споменуваше во сериозни комбинации. Тренерот на ПСЖ од минатата сезона, Кристоф Галтие, беше на листата на фаворит во последните денови, но претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис реши да изненади со својата одлука.

Гарсија минатата сезона работеше во Саудиски Ал Наср, со која имаше 18 победи, пет нерешени и три порази во 26 натпревари. Гарсија има искуство во Италија, бидејќи ја водеше Рома од 2013 до 2016 година. Во својата кариера ги водеше и Корбеј-Есонес, Сент Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Марсеј и Лион.

Со Лил го освои францускиот шампионат и куп во 2011 година, а загуби во финалето на Лига Европа со Марсеј во 2018 година. Следната сезона, тој беше поразен во финалето на францускиот Лига куп со Лион. Во Наполи ќе го наследи Лучијано Спалети кој на Наполи му го донесе скудетото по 33 години.