Connect with us

Фудбал

Наполи ја одби понудата од Саудиска Арабија за Осимен

Италијанскиот шампион Наполи ја одби понудата на Ал-Хилал за напаѓачот Виктор Осимене , пишува Il Mattino. Според информациите, саудискиот клуб понудил 130 милиони евра за 24-годишниот Нигериец, но Наполитанците ја одбиле понудата бидејќи сакаат да добијат најмалку 200 милиони за играчот.

Осимен минатата сезона забележа 39 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и 5 асистенции. Тој стана најдобар стрелец во Серија А.