Connect with us

Фудбал

Наполи категорично кажал не за понуда од 30 милиони за Елиф Елмас од Германија, неговиот менаџер се налутил!?

Наполи oдби сума од 30 милиони евра од Лајпциг за Елиф Елмас,  одговарајќи со убедливо „не“, пишува Газета Дело Спорт. Одлука која не му се допадна на агентот Рамадани кој дури се закани дека ќе се спротивстави на продолжувањето на договорот на играчот кој моментално е поврзан со синиот клуб до 2025 година. Од друга страна, претседателот Де Лаурентис вели дека е мирен во однос на ситуацијата.