Connect with us

Фудбал

Наполи останува на првата позиција во Серија А

Фудбалерите на Наполи попладнево ја постигнаа и десеттата победа сезонава во Серија А и со тоа останаа на првата позиција со три бодови повеќе од шампионот Јувентус.

Наполи во рамките на 11.коло го совлада Сасуло со 3:1 и со Интер се двата непоразени тима.

Наполи е прв на табелата со 31 бод, Јувентус и Лацио имаат по 28, а Интер 26.

Eкипата на Беневенто го забележа и 11.тиот пораз откако дома загуби со 5:1 од Лацио. На претпоследната позиција на табелата е Џенова која загуби од СПАЛ со 1:0.