Connect with us

Фудбал

Наполи се доближи до Ромелу Лукаку

Наполи е се поблиску до потписот на Ромелу Лукаку од Челзи на постојан трансфер, пренесува Фабрицио Романо. „Партенопеите“ веќе ја доставија својата официјална понуда до „сините“ од Лондон. Според информациите, понудата на Наполи е доволно добра за да биде прифатена од англискиот клуб.

Челзи јасно му стави до знаење на Наполи дека зделките за Ромелу Лукаку и Виктор Осимен ќе бидат два одвоени договори, при што Сините сакаат прво да ја завршат продажбата на белгискиот репрезентативец пред да преземат конкретни чекори за доведување на Осимен.

Според Фабрицио Романо, Челзи сака да ја заврши продажбата на Ромелу Лукаку во следните неколку дена за да им даде доволно време да го решат Виктор Осимен пред крајот на преодниот рок.