Connect with us

Фудбал

Наполи воведе чудна забрана за натпреварот со Сити

Раководството на Наполи воведе прилично чудна забрана за навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварот во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

На навивачите кои ќе носат ремени нема да им биде дозволен влез на стадионот „Сао Паоло“ во Неапол. Оваа одлука дојде како резултат на судирите меѓу навивачите на двата клуба за време на дуелот во Англија на 17 октомври.

Тогаш група навивачи на Наполи извршија инвазија на еден локален паб, мавтајќи со ремени кои се користеа како средство при тепачката, по која млад приврзаник на Сити добил сериозна повреда на главата, а италијански навивач доби затворска казна од пет месеци поради нападот.

Натпреварот Наполи – Манчестер Сити се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.