Connect with us

Фудбал

Наскоро градско дерби, Гвардиола за трката за титулата: Па, не сме луди

Тренерот Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека би било лудо да се мисли дека неговата екипа може да ја одбрани шампионската титула во Премиер лигата, бидејќи има голем заостаток зад Ливерпул.

Доколку „црвените“ вечерва го совладаат Евертон во градското дерби, ќе „избегаат“ 11 бодови, а според сите фудбалски познавачи, тоа е голема предност во трката за титулата.

-Никој не ни дава шанси. Како што велат сите, испаднавме од борбата, немаме повеќе шанси. Мислиме само за себе и наредниот меч. Екипата е стабилна и тоа е она што го сакаме. Со оглед на бодовната негатива со Ливерпул, би било лудо да се мисли на титулата, мораме да мислиме на дербито, на другите натпреварувања и да продолжиме во ист ритам, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити во сабота го игра дербито против градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Евентуален пораз во оваа пресметка веројатно ќе значи збогум на одбраната на титулата.