Connect with us

Фудбал

Наскоро Меси го потпишува новиот договор со бонус од 80 милиони евра

Освен што ќе биде најскпо платен фудбалер на денешницата, најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, со потпишувањето на новиот договор ќе си обезбеди и рекорден бонус.

Близок извор до таборот на вицешампионот на Шпанија откри дека откако ќе биде потпишан новиот договор, кој ќе биде со важност до 2021 година, Меси ќе доби бонус вреден 80 мил. евра.

Раководните лица на каталонскиот гигант тврдат дека новиот договор е потпишан од девет страни и дека во следниот период ќе биде направена и фотографијата на која Меси го потпишува новиот договор.