Connect with us

Фудбал

Наскоро на сметката на Интер ќе „легнат“ 70 милиони евра

Мауро Икарди како позајмен фудбалер на Интер настапува во ПСЖ. Сепак, игра во одлична форма. На четири последни меча, иако само еден одигра 90 минути, постигна пет голови.

Со оглед на тоа дека Кавани има 32 години, а Нејмар се погласно ја изразува желбата дека сака да замине, француските медиуми пишуваат дека речиси е сигурно дека Икарди ќе биде откупен од Интер. Договоротот е позајмица, со можност за откуп, а француските медиуми информираат дека откупот би можел да се случи во зимскиот преоден рок.