Connect with us

Фудбал

Наскоро нова лига во Европа?!

Поатрактивно и поквалитетно натпреварување, носи повеќе пари. Од ова се водат Белгија и Холандија, па најверојатно наскоро би можеле на тлото на Европа да добиеме нова лига. „БеНеЛига“ е името кое одамна се спомнуваше, а според последните информации проектот е во одмината фаза на планирање. Станува збор за лига во која би учествувале најдобрите холандски и белгиски тимови.

Фудбалските сојузи на двете држави веќе спровеле истражувања, а првите резулати покажале дека оваа лига засега би имала предност само во однос на постоечките две првенства на овие земји.

Целта е јасна, БеНеЛига да се доближи до најдобрите пет во Европа, Ла Лига, Премиер лига, Серие А, Бундеслига и Лига 1. Се разбира на овој начин холандскиот и белгискиот фудбал би се направил поаттрактивен, што секако би придонело клубовите и повеќе да заработат. БеНеЛига би требало да започне, во 2022 година.

Сепак, приказната за нови првенства на тлото на Европа не завршуваа тука. Швајцарски „Спорт“ пишува дека слична идеја имаат Швајцарија и Австрија. Имено и тука се гледа идејата за спојување на двете првенства во едно кое би го носело името „Алпска лига“. Но, за разлика од БеНеЛига, Алпска лига е само идеја, за која не се спроведени ниту истражувања и секако би била многу потешка за организирање.