Connect with us

Фудбал

Натпреварите од Суперлигата на Србија ќе започнат со едноминутно молчење

Сите натпревари од 21. коло во Супер лигата на Србија ќе започнат со едноминутно молчење со кое ќе им се оддаде почит на жртвите од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.

Суперлигашот на Србија испрати допис до клубовите, но и до официјалните лица, пред натпреварите од 21. коло во елитното ниво.

„Почитувани, Ве известуваме дека сите натпревари од 21. коло на Моцарт Бет Суперлигата на Србија ќе започнат со едноминутно молчење, со што ќе им се оддаде почит на жртвите од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија“, стоеше во дописот.