Фудбал
Натпреварот на Јувентус не може да помине без Миралем Пјаниќ
Јувентус ја победи Сампдорија со 3:0 на домашен терен во рамките на првото коло од Серија А.
„Старата дама“ успеа да ја отвори сезоната со победа во која повторно го брани Скудетото, но она што е најважно за навивачите е што Андреа Пирло дебитираше на клупата на Јувентус со три поени.
Натпреварот на неговиот поранешен клуб го гледаше и Миралем Пјаниќ, кој синоќа дебитираше во дресот на Барселона.
Пјаниќ преку Инстаграм објави дека го следи натпреварот помеѓу Јувентус и Сампдорија, и им посака среќа на своите поранешни соиграчи.
