Connect with us

Фудбал

Навивачи на ЦСКА планираат да го прекинат натпреварот Бугарија – Франција

Според информациите од „24 часа“ припадниците на фракцијата ЦСКА Енималс подготвуваат план за прекинување на квалификацискиот натпревар меѓу Бугарија и Франција закажан за 7 октомври на националниот стадион „Васил Левски“.

Анонимно предупредување за планираниот инцидент беше поднесено до полицијата. Целта на навивачите е УЕФА да го казни Бугарскиот фудбалски сојуз.

Еден начин да се предизвика прекинот е со влегување на теренот за да го сопрат дуелот. За време на судирот се очекува да се користат пиротехнички средства, што исто така ќе донесе парична казна за сојузот. Подигањето постери со расистичка содржина е исто така една од можностите која би ја искористиле „ултрасите“.