Connect with us

Фудбал

Навивачите на Челзи слушнаа одлични вести за време на натпреварот против Ливерпул: Новото засилување е тука!

Челзи ќе може да смета на услугите на сенегалскиот голман Едуард Менди во остатокот од сезоната во Премиер лигата.

Можеби навивачите на „сините“ од Лондон не се задоволни што нивниот тим загуби од Ливерпул, но затоа можат да бидат многу среќни бидејќи нивниот клуб заврши уште еден трансфер.

Менди потпиша договор со Челзи, а наскоро ќе пристигне во Лондон на официјалното потпишување на договорот.

Челзи ќе му плати на Рен околу 25 милиони евра за услугите на овој голман.