Connect with us

Фудбал

Навивачите на Реал Мадрид револтирани: Зарем ние треба да го платиме доаѓањето на Мбапе!

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво откако минатиот месец ја донесе француската ѕвезда Килијан Мбапе. За десет дена на Реал Мадрид ќе му гостува Ваљадолид во првиот домашен натпревар оваа сезона, а за да го гледаат 25-годишниот напаѓач, навивачите треба да потрошат меѓу 95 и 210 евра.

Ваљадолид летово се врати од втората лига, а за меч против ваков ривал на „Сантијаго Бернабеу“ требаше да се издвојат најмалку 55 евра минатата сезона.

„Тоа е навистина големо зголемување“, изјави 43-годишниот навивач во Мадрид за Хина.

„Очигледно е дека плаќаме за доаѓањето на Мбапе“, додаде тој.

Долгоочекуваниот Мбапе пристигна како слободен играч откако му истече договорот со францускиот ПСЖ. Реал Мадрид не ја откри неговата плата, но секако е меѓу највисоките.

„Кралскиот клуб“ кој во средата навечер го освои европскиот Суперкуп со победата од 2:0 над италијанска Аталанта. Полн со меѓународни ѕвезди, како што се 21-годишниот Џад Белингем и 23-годишниот Винисиус Јуниор. Последниве години гледањето на вакви фудбалери во живо веќе стана скапо за просечниот љубител на фудбалот, но никогаш како сега.

„Ја продолжив мојата годишна картичка за четвртиот прстен високо зад голот“, рече истиот навивач со членска карта од 2018 година. Тоа е најевтиниот дел од стадионот за кој, вели, платил 650 евра, додека минатата сезона потрошил 600 евра. Работи во музеј, па не може да си дозволи место со подобар поглед на теренот. За поскапиот дел од стадионот годишната претплата чини 1.650 евра, додека претходно беше 1.500. Раководството на клубот е убедено дека трибините ќе бидат исполнети и покрај незадоволството од поскапувањето.