Фудбал
Навивачите на Реал во паника поради Бензема, а потоа Перез ја извлаче клаузулата за Златната топка
Карим Бензема (35) оваа сезона продолжува да игра во неверојатна форма и е најдобриот играч на Реал. Иако имаше одредени проблеми со повредите, актуелниот освојувач на Златната топка постигна 26 гола и додаде шест асистенции на 35 натпревари за Реал оваа сезона и е најзаслужен што Реал повторно влезе во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Французинот има активен договор со Реал до јуни оваа година и навивачите почнаа да паничат бидејќи Бензема се уште не ја продолжил соработката со кралскиот клуб. Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека навивачите на Реал можат да здивнат бидејќи договорот на напаѓачот на Реал содржи скриена клаузула која ќе го задржи на Бернабеу следната сезона. Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез веќе го обезбедил останувањето на Бензема во Реал и дека поради тоа нема потреба да преговара за нов договор со Французинот.
„АС“ соопшти дека договорот на Бензема е автоматски продолжен, поради клаузулата што ја има во актуелниот договор. Тоа е клаузулата „Златната топка“ која на Бензема му носи автоматско продолжување на соработката за уште една година доколку ја добие оваа награда за време на тој договор. Бидејќи Французинот ја освои таа награда минатата година, клаузулата беше активирана и Французинот ќе остане во Мадрид барем уште една сезона.