Connect with us

Фудбал

Навивачите во транс: Фулам донесе големо засилување од ПСЖ

Фулам успеа да се врати во Премиер лигата по една сезона во Чемпионшип.

Клубот од Лондон повторно ќе го гледаме во друштво на најдобрите во новата сезона, а овој пат челниците на Фулам решија значително да го засилат тимот, и да останат што е можно подолго во Премиершип.

Останаа уште неколку дена до почетокот на најдобрата лига во светот, а Фулам ги воодушеви навивачите вечерва со најавата за ново засилување.

Имено, Фулам успеа да го донесе голманот на ПСЖ Алфонс Ареола на позајмица до крајот на сезоната. Минатата сезона Ареола ја помина во Реал Мадрид, но на крајот на сезоната се врати на „Паркот на Принцовите“.

loading...

Клубот реши да го испрати на нова позајмица и Ареола реши да ја прифати понудата на Фулам и сигурно е дека тој ќе биде големо засилување за овој клуб.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com