Connect with us

Фудбал

Навивачите воодушевени од Модриќ: Лојалноста пред парите

Лука Модриќ и следната сезона ќе игра за Реал, потврди клубот на својата веб-страница и социјалните мрежи, а со тоа ги развесели своите навивачи. Капитенот на хрватската репрезентација веќе 11 години настапува за Реал, а според новиот договор соработката ќе продолжи до 30 јуни следната година.

„Неговата лојалност е пред парите“, „Едвај чекам да го видам на теренот“, „Модриќ за претседател“, „Магионичар“, „GOAT“, „На оваа возраст Иниеста течно зборуваше јапонски“, „ Најдобар играч за врска во светот“, се само дел од коментарите на навивачите на Реал.

Модриќ, кој во септември ќе наполни 38 години, пристигна во Реал во 2012 година и оттогаш освои 23 трофеи со клубот, од кои пет во Лигата на шампионите и три во шпанското првенство. Во дресот на мадридскиот клуб пред пет години го доби највисокото индивидуално признание. Потоа беше прогласен за најдобар играч на светот.