Connect with us

Кошарка

НБА учи од фудбалскиот свет, Ембид доби договор вреден 180 милиони со разни клаузули

Според ЕСПН, договорот на Ембид е „next level“ и содржи цела листа клаузули за исполнување, со што Ембид ќе добие 180 милиони доколку сите се исполнети.

Според информациите од САД ова е еден од најкомплексните договори бидејќи содржи многу детали. На пример, Ембид би можел да заработи дополнителни 30 милиони долари доколку биде избран во првата, втората или третата петорка во НБА лигата или доколку влезе во конкуренција за МВП наградата. Ова се само некои од деталите, а според медиумите има уште многу детали кои не се откриени.

Ембид минатата сезона во просек играше 25 минути по натпревар, остварувајќи учинок од 20,2 поени, 7,8 скокови, 2 асистенции и 2 блокади.