Connect with us

Фудбал

Не е само Покетино, и „новиот Мурињо“ кандидат за тренер на мега проектот наречен Њукасл

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го предводи Њукасл, пренесе „Дејли стар“.

Според британскиот медиум, 32-годишниот Германец, кого медиумите уште го нарекуваат и „новиот Жозе Мурињо“, влезе во краткиот список на кандидати  кои ќе го дадат новиот тренер на англискиот клуб по пристигнувањето на нови сопственици од Саудиска Арабија.

Исто така, на списокот се наоѓаат и Рафаел Бенитез, Маурисио Покетино и Максимилијано Алегри.

Нагелсман го предводи Лајпциг од 2019 година. По 25 одиграни меча во Бундеслигата, екипата се наоѓа на 3. место на табелата, пет бода зад лидерот Баерн.