Connect with us

Ракомет

„Не се грижете, добри сме, на здравје“ – ракометарите се освежуваат со пиво во Келн

Ракометарите на Вардар се освежуваат со пиво додека го чекаат авионот за Скопје. Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер порачаа: „Не се грижете, добри сме, се гледаме во Скопје. На здравје!“.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку најави промена на планот во врска со слетувањето во Скопје на ракометарите.

– Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот – напиша Шилегов.