Connect with us

Фудбал

Не се само Интер и Јувентус, Арсенал тргнува по Дејан Кулушевски?

Италијанските медиуми вчера објавија дека Интер и Јувентус будно ги следат настапите на Македонецот, роден во Шведска, Дејан Кулушевски. Тој во моментов игра за Парма, како позајмен фудбалер од Аталанта, а има два гола и пет асистенции на 11 натпревари.

Сепак, италијанските тимови добиваат сериозна конкуренција во трката за неговиот потпис. Според англиските медиуми Арсенал на крајот од сезоната ќе се обиде да го ангажира 19-годишниот крилен фудбалер.

Во моментов неговата цена е околу 25 милиони евра.