Фудбал
„Не знам како Барса можеше да го пушти да замине, но супер е со него бидејќи едниот удира, а другиот гризе“
Атлетико Мадрид денес ја декласираше Гранада на домашен терен со 6:1, а натпреварот го одбележа Луис Суарез.
Уругваецот ги одигра последните 20 минути од играта, и ги воодушеви сите. Суарез успеа да постигне два гола и да запише асистенција во дебито за клубот од Мадрид.
Гол на овој натпревар постигна и Диего Коста кој го започна натпреварот, но подоцна беше заменет со Суарез. Двајцата ќе се борат за позицијата прв напаѓач и се чини дека Коста нема ништо против да игра со Суарез.
„Не ми е јасно како Барселона можеше само така да пушти играч како Луис Суарез. Само тие знаат зошто го направија тоа“, рече Коста, а потоа додаде на смеа:
„Одлично е да се игра со него. Едниот удира, а другиот гризе“.