Connect with us

SPORTM.mk

Неговите соиграчи славеа голема победа, а тој зеде метла во раце и ја исчисти соблекувалната

Синоќа Вест Хем го победи Лион на гости со 3-0 и се пласираше во полуфиналето на Европската лига.

На првиот натпревар одигран во Лондон резултатот беше 1:1, а многумина очекуваа драма во Лион синоќа, но на крајот Вест Хем одигра одличен натпревар и на крајот полесно од очекувањата победи со 3:0.

Иако Лион имаше голема поддршка од трибините, тоа не ја разниша самодовербата кај гостинските играчи, кои беа фантастични и заслужено успеаја да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување.

По натпреварот фудбалерите на Вест Хем направија вистинска забава во соблекувалната и знаеја како да слават победа и голем успех.

Сепак, по мечот во центарот на вниманието беше искусниот капитен на лондонскиот клуб Марк Нобл, кој влезе во игра дури на крајот од мечот.

34-годишниот фудбалер порасна во Вест Хем и целата своја кариера ја мина во овој клуб, а синоќа покажа за каков професионалец се работи. Додека другите играчи славеа и се подготвуваа да се вратат дома, тој зеде метла во рацете за да ја исчисти соблекувалната.

Нобл со овој потег го воодушеви фудбалскиот свет и им даде одличен пример на сите млади играчи како треба да се однесува еден професионалец.

Прославата не му беше приоритет и поважно му беше што играчите на Вест Хем ја напуштија чисти соблекувалната и начинот на кој таа ги пречека при пристигнувањето на стадионот во Лион.