Фудбал
Неизвесна судбината на Мундијалот во Шпанија
Политичката нестабилност во која влегува Шпанија со референдумот за независноста на Каталонија може да донесе сериозни последици и на фудбалот на Пиринеите, пишува Спорт Медиа.
Доколку Примера и забрани на екипата на Барселона да учествува во Ла Лига, а во случај на отцепување на Каталонија, за што постојат најави, тогаш ФИФА би го суспендирала националниот тим на Шпанија од Светското првенство 2018 година, наведува шпанскиот лист „Марка”.
Како што наведува изворот, евентуалното исклучување на Барселона ФИФА би го толкувала како влијание на политиката на работите во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што е најстрого забрането.
Гласањето на референдумот почна денеска, а тоа ги донесе и првите препирки помеѓу фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид.