Connect with us

Тајмаут

Нејмар доживеа кошмар – се обиделе да му ја киднапираат ќерката

Бразилската суперѕвезда Нејмар доживеа вистински кошмар откако вооружени лица се обиделе да ја киднапираат неговата новородена ќерка Мави заедно со неговата партнерка Бруна Бјанкарди. Ова се случи во околината на Сао Паоло.

Полицијата успеала да приведе еден од бандитите.

Бразилскиот печат пишува дека криминалците ги врзале родителите на инфлуенсерката додека го претресувале нејзиниот дом.

Тие упаднале во куќата со намера да киднапираат, но за среќа на Нејмар и неговото семејство, Бруна и Мави биле надвор од куќата.

Бруна Бјанкарди објави порака за да ги увери пријателите и семејството и го потврди нападот.

„Фала му на Бога дека се е добро и материјалните работи се обновени.

Нејмар сподели и порака: „Фала богу сите се добро“.