SPORTM.mk
Нејмар го зеде мобилниот телефон во рацете и се посрамоти: Бразилецот му честиташе на погрешниот клуб за освојување на ЛШ!
Нејмар исто така не успеа да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ оваа сезона, но ако ништо друго тој го однесе својот тим до финалето што е чекор напредок во однос на претходните сезони.
Бразилскиот ас беше тажен по натпреварот. Плачеше и тагуваше за пропуштената можност, а најтешко за него беше кога трофејот помина покрај него.
Откако се смири и го зеде својот мобилен телефон, овој светски познат фудбалер успеа да биде доста засрамен. Тој му ја честиташе титулата на погрешниот клуб, Баер.
“Поразот е дел од спортот. Се обидовме, се боревме до крај. Ви благодарам на сите за поддршката и честитки до Баер”, напиша Бразилецот на Твитер.
Наскоро следуваше реакција од Баер Леверкузен. Фармацевтите го цитирале Нејмар.
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 23, 2020
Ова беше проследено со нов твит на шпански јазик.
„Нејмар не го меша Баер со Баерн, туку го прави спротивното. Нејмар му честита на Баер дури и кога е на одмор. Бидете како Нејмар “, понатаму се шегуваа во Баер.
Neymar no confunde a Tío Bayer con Bayern, sino al revés. @neymarjr felicita a Tío BAYER aún cuando estoy de vacaciones.
Sé como Neymar. ? https://t.co/ssrNJ6INmj
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_es) August 23, 2020
Нема сомнение дека зад sвездата на ПСЖ е ноќта која тој сака да ја заборави што е можно поскоро.