Connect with us

Фудбал

Нејмар со солзи во очите зборува за Меси

Најскапиот светски фудбалер Нејмар, актуелниот член на француски Пари Сен Жермен, призна низ солзи дека никогаш нема да го заборави својот поранешен клупски другар Лионел Меси од Барселона и начинот на кој му помогнал по доаѓањето од Сантош во Барселона во 2013 година.

Нејмар дојде како идна голема светска ѕвезда во Барселона, а во летото 2017 година за 222 милиони евра предизвика земјотрес со трансферот во ПСЖ. Во последно време се поврзуваше со враќање во Каталонија, но и со трансфер во ривалскиот Реал Мадрид.

„Искрено, многу ми е тешко да зборувам за Лионел Меси, зашто тој беше толку посебен за мене кога дојдов во Барселона. Јас постојано го повторувам истото на најблиските, дека кога ми требаше наголема поддршка, кога ми беше најтешко – Меси секојпат беше со мене. Знаете колку значи најдобриот фудбалер на светот да дојде и да ви рече: Дојди тука, јас сум тука да ти помогнам. Кога дојдов, прво што ми кажа беше: Не биди срамежлив и немој да се плашиш од ништо, најмалку од мене, а немој да се плашиш ни од клубот“, рече Нејмар во интервју за „Глобо Еспорте“.

Извор: Спорт1