Connect with us

Фудбал

Нејзиниот тим загуби со 5:0, а таа по мечот скокаше од радост, дури и доби подарок од тимот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Саутемптон викендов претрпеа тежок пораз на домашен терен од Брентфорд со резултат 5:0, а по натпреварот само еден навивач на „светците“ имаше време да слави. Имено, по секој натпревар на домашен терен, Саутемптон во хотелскиот салон наградува еден од навивачите кој ќе го погоди точниот резултат на тој натпревар. По поразот од Брентфорд се чинеше дека нема да има награда, бидејќи навистина беше тешко да се очекува некој да го предвиди резултатот 0:5, но тоа се случи.

Клер Шектер, мајката на Хуго Шектер, кој беше вработен во Саутемптон меѓу 2014 и 2018 година, реши да го предвиди вистинскиот дебакл на својот сакан тим и на доделувањето дојде горда. Неблагодарната задача да и го предаде дресот ја доби напаѓачот на Саутемптон, Адам Армстронг, на чие лице јасно можеше да се види длабоко разочарување. Клер радосно мавташе со рацете додека во позадина се слушаа некои иронични свирежи и јасно неодобрување од навивачите на Саутемптон.