Фудбал
Некогаш играа заедно, а сега брутално го навреди Ибрахимовиќ: Тој е идиот и арогантна личност! (ВИДЕО)

Познатиот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт жестоко го критикуваше легендарниот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ со кој не се согласуваше најдобро.
Тој во интервју за talkSport откри дека никогаш не го сакал Ибрахимовиќ и жестоко го навредувал.
-Тој е идиот и многу е арогантен“, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид за Швеѓанецот со кој соработуваше на почетокот на кариерата.
За се беше виновен пријателскиот натпревар меѓу Холандија и Шведска во август 2004 година, кога Ибрахимовиќ тешко го повреди Ван дер Варт.
“И двајцата бевме силни личности и бевме многу млади. Два дена по оваа повреда тој се пресели во Јувентус. Бев тој или јас, некој мораше да го напушти Ајакс”, изјави Холанѓанецот и продолжи:
„Имаше среќа што Јувентус му понуди договор, а јас имав среќа што останав во клубот од соништата“.
Златан стартуваше на десниот зглоб на Ван Дер Варт при борбата за топката на споменатиот пријателски натпревар, а Холанѓанецот дури по повеќе од еден месец повторно можеше да игра за Ајакс.
„Такви работи може да се случат, но двајцата игравме за Ајакс во тоа време и тој не се извини за тоа. Се скаравме. Тој беше напаѓач, а јас бев „десетка“, но воопшто не се согласувавме на од теренот, ни надвор од него, секогаш се каравме, но оваа караница беше прилично голема“, додаде тој и откри дека Ибрахимовиќ во соблекувалната му рекол „дека ќе му ги скрши двете нозе ако не престане да тврди дека намерно го повредил“.
„Да, така рече, а јас му возвратив и веднаш побегнав“, низ смеа додал поранешниот холандски фудбалер.
Двоецот играше во Ајакс од 2001 до 2004 година пред Ибрахимовиќ да се пресели во Јувентус, а Ван дер Варт се приклучи на Хамбургер една година подоцна. Ван дер Варт играше и за Реал Мадрид, Тотенхем, Бетис и Митјиланд и Есбјерг, а за холандската репрезентација постигна 25 гола на 109 натпревари. Од друга страна, покрај Ајакс и Јувентус, Ибрахимовиќ играше и за Малме, Интер, Барселона, Милан, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси.