Connect with us

Ракомет

Нема балканско финале, Шпанија обезбеди дуел за злато против Хрватска

Љубителите на ракометот уживаа во уште една фантастична пресметка. Откако имаа можност да ја проследат епската битка помеѓу Хрватска и Норвешка во првото полуфинале, во второто Шпанија успеа да ја совлада Словенија со 34:32 и со тоа да спречи балканско, или екс ЈУ финале.

Тројца Шпанци имаа по шест голови, Фернандес, Етрериос и Душебаев. На спротивната страна, а воедно и на мечот најефикасен беше Доленец со седум погодоци. Финалето се игра в недела со почеток во 16:30 часот.

Ден претходно во 16 часот ќе играат Германија и Португалија во разигрувањето за 5-6 место, додека Словенија и Норвешка за бронзата ќе се борат со почеток во 18:30 часот.