Connect with us

Фудбал

„Нема да го донесеме Меси, од каде доаѓаат овие луди шпекулации?

Директорот на Интер, Пјеро Аусилио негира дека Лионел Меси би можел да ја продолжи кариерата во Интер.

Откако Меси побара од Барселона да го раскине договорот, повторно се појави приказната дека Интер може да го ангажира, но Аусилио тврди дека овие гласини немаат основа и дека тие всушност се измислица.

„Нема да го донесеме Меси. Не знам ни од каде се појавија тие луди шпекулации. Се разбира, секој клуб во светот посакува таков играч, но реалноста и фактите се различни“, изјави директорот на „Нероазурите“.

Сепак, од друга страна, тој потврди дека не е исклучено клубот да ги ангажира искусниот дефанзивец на Рома, Александар Коларов и играчот за врска Артур Видал од Барселона.

„Постојат големи шанси да го донесеме Коларов. Што се однесува до Видал, тој е играч што го сакаме. Но, тој е член на Барселона и ние ја следиме ситуацијата. Ако има шанса да го донесеме – ќе се обидеме“, додаде Аусилио.