Connect with us

Фудбал

Нема европска пролет за Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид вечерва му гостуваше на Порто во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите. Шпанците беа поразени на овој натпревар со 2:1 и завршија на последното место на табелата, а со тоа ги завршија своите настапи во Европа

Уште на самиот старт на натпреварот беше јасно дека Порто сериозно влегува во овој натпревар. Резултатот го отвори Тареми во 5, минута од натпреварот.

Еустакиово 24. минута од натпреварот го зголеми водството на Порто на 2:0 и создаде уште поголеми проблеми за гостите од Шпанија кои и на овој натпревар изгледаа очајно.

Немаше промени на резултатот до самиот крај на натпреварот, мрежата на Порто се затресе во 5. минута од судиското надополнување, а голот беше препишан дефанзивецот на Порто Маркано.

Вечерва ништо не му одеше од рака на Атлетико, дури ниту резултатот на натпреварот помеѓу Баер Леверкусен и Клуб Бриж кој заврши без голови.

Со поразот на Атлетико во Португалија, на Баер му требаше само бод за да заврши на третото место и тоа се случи.

На крајот, во групата Б, Порто беше прв со 12 бода, Клуб Бриж беше втор со 11, и се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Леверкузен и Атлетико го завршија натпреварувањето со по пет бода, но Леверкузен стигна до третото место и пласман во Лига Европа поради подобриот меѓусебен дуел.