Connect with us

Фудбал

Нема заинтересирани, па од еднаш пет клубови во трка за играч на Барселона?!

Филипе Кутињо нема да остане во Баерн Минхен, бидејќи не ги задоволил очекувањата, па стана резервна опција. Германскиот клуб нема да ја искористи клаузулата за откуп од 120 милиони евра, па на лето ќе и биде вратен на Барселона.

Но, ниту Каталонците немаат планови да го задржат, па најверојатно тој оди на продажба, дури и на попуст, од околу 80 милиони евра.

Досега немаше заинтересирани клубови, но најновите информации велат дека пет екипи пројавиле интерес, од кои четири од Англија, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, но и Ливерпул кој наводно размислува да го врати по разумна цена.

На крајот тука е и ПСЖ, но се шпекулира дека Барселона ќе го понуди Кутињо за размена за Нејмар.