Фудбал
Немири во Париз откако ПСЖ загуби од Баерн во финалето на Лигата на шампионите
Навивачите на ПСЖ предизвикаа немири на булеварот „Чанс-Елисеј“ со палење и уништување на бројни автомобили, по поразот од 1:0 против Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампионите во недела.
Илјадници навивачи на ПСЖ се собраа на овој булевар за да го следат финалето и беа разочарани, бидејќи нивниот тим претрпе пораз од 1:0 благодарение на голот на Кингсли Коман со глава во второто полувреме.

Снимките објавени по натпреварот покажуваат огромен немир предизвикан од бесни навивачи.
Пожарникарите можат да се видат како го гаснат пожарот во некои автомобили близу булеварот.
На излез од булеварот во голем број, париските навивачи исто така запалија и неколку канти и контејнери за ѓубре.
Франција сè уште има строги мерки против коронавирусот, но навивачите на францускиот шампион се собраа на булеварот и во близина на стадионот на ПСЖ, и покрај тоа што собирањето не е дозволено на овие две места.
