Connect with us

Фудбал

Непоправливиот Балотели предизвика целосен хаос во Швајцарија: Скандалозното видео може да значи крај

Марио Балотели неодамна ја напушти турската Адана Демирспор и на изненадување на сите потпиша договор со швајцарскиот Сион.

Искусниот 32-годишен напаѓач имаше многу добра сезона во Турција. На 35 настапи постигна 19 гола, но по конфликтот со тренерот Винченцо Монтело реши да го напушти клубот.

Сион за доаѓањето на италијанскиот фудбалер одвои три милиони евра. Балотели веќе одигра два натпревари, но без никаков ефект.

Се чини дека тие два натпревари би можеле да бидат последни во дресот на швајцарскиот тим. Контроверзниот напаѓач повторно се скара и навивачите се бесни на него.

Балотели го пропушти тренингот во претходните денови. Како причина беше наведен бронхитисот, но се чини дека кај италијанскиот фудбалер се е во најдобар ред.

Навивачите на Сион се бесни откако се појавија снимки на кои целосно пијан Балотели излегува од ноќен клуб во Лозана.

Видеото покажува како Балотели е „пијан како кафеана“. Тој не можеше сам да оди, но пријателите го изнесоа надвор од клубот.

Раководството на Сион допрва треба да се огласи на оваа тема. Навивачите, пак, бараат строга казна за Балотели, а многумина бараат негово заминување од клубот.

Пијанството и излегувањето до раните утрински часови не е ништо ново за Балотели. Во минатото има направено многу глупави работи, поради кои не успеа да го искаже сиот потенцијал што го имаше.

Овој човек е едноставно непоправлив. Се обиде да се смири, но општеството секогаш го повлекува назад и се случуваат вакви ноќи.

Марио Балотели промени огромен број на клубови во својата богата кариера. Почна во Интер, а играше и во Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша и Монца.

За италијанската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 14 голови.