Connect with us

Фудбал

Неславен рекордер на Јунајтед, време е Сити да загуби?

Наскоро треба да започне големото финале на ФА Купот на Англија во кое првпат во историјата се среќаваат градските ривали Манчестер Сити и Јунајтед.

Ова е 12-то финале во ФА Купот за Манчестер Сити, во претходните единаесет финалиња има шест победи и пет порази. Наизменично губеа и победија во последните четири, а во последната во 2019 година го декласираа Ватфорд со 6:0!

Дали сега им е редот да загубат?

Екипата на Јунајтед го чека 21. финале на ФА Купот, кое ќе се изедначи со рекордерот на натпреварувањето, лондонски Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ освоија 12 трофеи во тој период, а финалето го напуштија осум пати со наведнати глави, што е негативен рекорд во ФА Купот заедно со Челзи и Евертон.

Кој ќе биде среќен или тажен денес?