Фудбал
Несторовски на клупа, Удинезе со прва победа сезоната
Тимот на Удинезе славеше против Парма со 3:2 и со тоа стигна до првата победа во Серие А во новата сезона. Победата ја донесе Пусето со гол во 88-та минута бидејќи до тогаш беше 2:2. Претходно за Удинезе погодија Самир, а еден гол беше автогол на Јакопини, додека на спротивната страна погодија Хернани и Карамо.
Македонскиот репрезентативец Несторовски остана на клупата за резервни играчи кај Удинезе и не доби шанса за настап.